фото: слободен печат

Пожарот на „Јужен булевар“ е под контрола, повреден пожарникар е хоспитализиран во Клинички центар

Пожарот кој попладнево избувна во објект кај „Рампа“, во скопската населба Кисела Вода, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Со тоа, додаде градначалникот, беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија

„Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е уште еден доказ колку е важна Противпожарната бригада и колку секојдневно пожарникарите го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните.

Инаку, во пожарот изгоре целиот објект, кој, неофицијално служел како магацин. Пожарникарски возила со голем број пожарникари, амбулантно и полициски возила уште се на терен. Иако веќе нема густ чад, сепак, непријатниот мирис на изгорено се уште е интензивен.

ВИДЕО+ФОТО | Пожар на „Јужен булевар“ — гори објект, пожарникарите се борат со пламените јазици

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот