stop za Usje протест / Фото: Слободен печат - Методи Здравев

Гаранции за децата кои живеат во близина на „Усје“ дека нема да се изложени на ризик од загадувањето, бараат екологистите

Има ли гаранции дека децата кои живеат во околината на „Усје“ нема да имаат последици од загадувањето на воздухот, прашаа од Детската амбасада „Меѓаши“ на јавната расправа за издавањето на новата А-интегрирана еколошка дозвола за цементарницата, со која ќе треба да се утврдат условите под кои капацитетот ќе треба да работи во следните седум години.

Апелот е до Министерството за животна средина прво на истражи дали има загадување кое доаѓа од „Усје“ со независни анализи пред да одлучи дали ќе им издаде нова дозвола за работа.

„Според истражувањата на УНИЦЕФ, најголемиот ризик за здравјето на децата е загадениот воздух, а 11,6 отсто од смртните случаи кај новороденчиња се поврзани со загадувањето на воздухот. Загрижени сме од барањата на Цементарница за зголемување на употребата на алтернативни горива биде истражувањата велат дека согорувањето осдлободува диоксини и фурани, исклучително опасни за децата и предизвикувачи на малигни заболувања“, велат од „Меѓаши“.

Активистите се незадоволни што земјава нема утврдени гранични вредности за дозволените концентрации на загадувачи во почвата, заради што загадувачите не можат да бидат казнети.

Инспекторатот за животна средина прекина да ги објавува извештаите од своите надзори, реагира „Стоп за Усје“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот