ФОТО | Конечно се отстранува „Али тобако“ од пешачката патека на Бит-пазар
Пет месеци по првичната најава за рушењето на „Али тобако“, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски кусо информираше дека денеска започнува отстранувањето на проблематичниот објект кој со години ја блокираше пешачката и велосипедската патека покрај булеварот „Крсте Петков Мисирков“ кај Бит-пазар.
Препорачано
-Се руши тобако „Али“. Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение- накусо информираше Ѓорѓиевски.

Тој претходно најави засилени акции за отстранување на дивопоставените објекти низ градот кои низ годините биле изградени без соодветна документација, а со тоа тие узурпираат јавни површини, велосипедски и пешачки патеки, како и зелени зони, а како таков Ѓорѓиевски прв го посочи токму овој објект кој денеска се урива.

– На Бит-пазар има објект поставен на велосипедска и пешачка патека, невозможно е да се функционира. Тој ќе биде отстранет. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор ќе постапуваме – истакна тогаш градоначалникот.



