Фото: Screenshot

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Во Мексико убиен возач откако влетал во толпа навивачи, има и повредени

Додека Мексико славеше победа од 3-0 над Чешка на Светското првенство, во градот Кабо Сан Лукас се случи трагичен инцидент што ја засени спортската еуфорија.

Според мексиканските медиуми, група навивачи за време на прославата опколиле автомобил управуван од Роберто Арелјано Асеведо и почнале силно да го нишаат и удираат возилото.

Во обид да се извлече од толпата, возачот нагло притиснал на педалата за гас и со автомобилот влетал меѓу насобраните луѓе. Во инцидентот биле повредени најмалку 17 лица.

По неколку моменти автомобилот удрил и запрел, по што разгневената толпа стигнала до возачот. Навивачите го извлекле од возилото и физички го нападнале, нанесувајќи му тешки повреди пред да интервенира полицијата.

Асеведо итно бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот. Според официјалните информации, починал како последица на тешки повреди на главата и откажување на внатрешните органи.

Мексиканските власти и обвинителството започнаа истрага за целиот случај, со цел да се утврдат сите околности што доведоа до оваа трагедија.

ВИДЕО | Алајбеговиќ против Катар го постигна еден од најубавите голови на Мундијалот

ВИДЕО | Уште една драма на Мундијалот: Мароко по изведување пенали ја испрати дома Холандија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот