Адвокат Маја Ристова
Адвокат Маја Ристова

Обвинителството ги амнестира родителите на насилните деца зашто ниту знаеле ниту се согласувале со тепањето

Адвокатката Маја Ристова, која застапува малолетничка која во Штип пред неколку месеци беше жртва на меѓуврсничко насилство кое исто така беше снимано со мобилен телефон, денеска алармира дека правната разрешница на случајот довела до амнестија на родителите на насилното дете.

„Еве да видите дека не зборувам на памет кога пишувам дека државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи Рибникар. Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното јавно обвинителство во Штип правилно утврдило дека родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело „запуштање и малтретирање на дете“, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца. Еј, не биле свесни не ми се верува што читам. Требало да има континуирано и сериозно занемарување, а не ова? Што е ова? Го тепале три месеци, и психички и физички го малтретирале, ништо не е тоа. Требало да го избодат, скраја било. Каква порака се испраќа со ова? Ако овде нема одговорност, каде имаше и признанија и видеоснимки, што со останатите насилства?“, прашува Ристова.

Извор - фејсбук профил адвокат Маја Ристова
Извор – фејсбук профил адвокат Маја Ристова

Вишото јавно обвинителство ја отфрлило кривичната пријава против родителите, зашто тие ниту знаеле ниту се согласувале со насилството што го извршило нивното дете.

-Од нивните искази произлегува дека од нивна страна биле преземени сите дејства за воспитување, грижа и контрола на однесувањето на децата. Пријавените (родители н.з) за време на настанот не биле свесни за дејствата што ги презеле нивните деца, не се согласиле со истите а тоа што децата не им кажале за настанот не значи дека родителите грубо ги занемариле своите должности за воспитување, решило Обвинителството и ја отфрлило кривичната пријава.

Одлука на Вишо јавно обвинителство да се отфрли кривична пријава за запуштање дете во случајот Штип

И по најновото меѓуврсничко насилство каде беше тепано и понижувано девојче во Аеродром полицијата најави дека ќе поднесе кривична пријава за запуштање и малтретирање дете против родителите, како и кривична пријава за малолетничките за кривично дело насилство.

МВР ќе поднесе кривични пријави против насилничките што го тепаа девојчето во Аеродром и против нивните родители за запуштање дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот