Шпанија - Фото: pexels-miquel-rossello-calafell

Шпанија е светска престолнина на туризмот со рекордни 10 милиони туристи

Околу 10,3 милиони странски туристи ја посетиле Шпанија во мај, што е за 9,5 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година и претставува нов рекорд за мај, објави денес Шпанскиот национален институт за статистика (INE).

Најмногу туристи се од Велика Британија, речиси 2,2 милиони, што е зголемување од 6,1 процент во споредба со мај минатата година. По нив следуваат Франција со околу 1,3 милиони посетители и раст од 11,1 проценти, како и Германија, од каде што пристигнале приближно 1,3 милиони туристи, односно девет проценти повеќе од претходната година. Најголемиот број посетители, околу 5,4 милиони, престојувале во Шпанија помеѓу четири и седум ноќевања, што е за 14,1 процент повеќе отколку во мај 2025 година.

Бројот на еднодневни посети на Шпанија се зголемил за 2,7 проценти, додека бројот на туристи кои престојувале подолго од 15 ноќевања се намалил за 3,7 проценти. Каталонија беше најпосетуваниот шпански регион, со удел од 21,1 процент од вкупниот број на странски туристи, пред Балеарските Острови со 20,6 проценти и Андалузија со 15,9 проценти.

Повеќе од 36,8 милиони странски туристи ја посетиле Шпанија од почетокот на годината до крајот на мај, што е зголемување од пет проценти во споредба со истиот период минатата година, според соопштението на веб-страницата на INE.

Меѓународните туристи потрошиле рекордни 13,55 милијарди евра во Шпанија во мај, што е за 10,9 проценти повеќе отколку во истиот месец минатата година, додека просечната дневна потрошувачка се искачила на 214 евра. Просечната потрошувачка по турист изнесувала 1.321 евра, што е за 1,2 проценти повеќе во споредба со мај 2025 година. Во периодот од јануари до крајот на мај, меѓународните туристи потрошиле вкупно 50,26 милијарди евра во Шпанија, што е за 7,8 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Шпанците се борат против прекумерниот туризам, ама сè повеќе нудат краткорочни изнајмувања

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот