Шпаркасе Банка со нов хипотекарен кредит за рефинансирање

Шпаркасе Банка лансира нов иновативен производ на македонскиот пазар – Хипотекарен кредит за рефинансирање, наменет за сите клиенти што сакаат да ги обединат своите постојни кредитни обврски во едно поедноставно и поодржливо финансиско решение.

Новиот кредитен производ им овозможува на клиентите да ги консолидираат различните задолжувања, и тоа хипотекарни, станбени и потрошувачки кредити, кредитни картички и револвинг производи, во една месечна рата, со што добиваат подобра прегледност, полесно управување со личниот буџет и намален месечен финансиски притисок.

Клиентите можат да аплицираат за кредит до 400.000 евра, со рок на отплата до 20 години и фиксна каматна стапка од 4,5 % во првите 3 години. Одобрените средства се наменети за рефинансирање постојни обврски, при што 80 % од кредитот се користат за рефинансирање, а 20 % можат да се искористат за лични потреби.

Хипотекарниот кредит за рефинансирање нуди можност за:

• Една месечна рата наместо повеќе различни обврски
• Подобра контрола врз личниот буџет
• Намалување на месечниот финансиски товар
• Подолг период на отплата и поголема финансиска флексибилност

„Во Шпаркасе Банка постојано работиме на развој на решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите и им помагаат полесно да ги реализираат своите финансиски цели.

Со Хипотекарниот кредит за рефинансирање, креираме можност клиентите да ги поедностават своите обврски, да добијат поголема контрола врз своите финансии и да планираат постабилна финансиска иднина“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Дополнителна флексибилност е можноста за избор на нестандардни рати, во согласност со финансиските можности и потреби на клиентите. Како дополнителна придобивка, клиентите што ќе го искористат новото решение добиваат и бесплатно месечно одржување на смарт-пакет до крајот на 2026 година.

Со лансирањето на Хипотекарниот кредит за рефинансирање, Шпаркасе Банка продолжува да креира модерни банкарски решенија, кои носат поголема едноставност, сигурност и поддршка во секојдневното финансиско управување.
Повеќе информации за понудата се достапни во експозитурите на Банката и на официјалната веб-страница www.sparkasse.mk


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот