Ќе биде ли ова најжешката трка за претседател на САД? Венс веќе ја „кандидираше“, но и таа не му остана должна
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека верува оти Александрија Окасио-Кортез ќе биде кандидатка на Демократската партија на претседателските избори во 2028 година, пренесе ЊуПост.
Препорачано
Венс тоа го кажал за време на гостување во емисијата „Шоуто на Мајкл Ноулс“, наведувајќи дека, според него, токму Окасио-Кортез е најверојатниот избор на демократите.
На забелешката дека како фаворит често се споменува гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, Венс го отфрлил тоа тврдење. Тој оцени дека Њусом си наштетил со претходен коментар пред публика составена од Афроамериканци.
Окасио-Кортез, прашана за изјавата на Венс, кусо одговорила: „Се надевам дека тој ќе биде кандидат“.
Венс додал дека изборот кај демократите ќе зависи од тоа кој навистина ја има моќта во партијата. Според него, доколку тоа се Волстрит и левиот центар во бизнис-круговите, фаворит би бил Џон Ософ, а доколку тоа се универзитетите, тогаш би била Окасио-Кортез.
Во текстот се наведува дека меѓу можните републикански кандидати за изборите во 2028 година најчесто се споменуваат Венс и државниот секретар Марко Рубио, додека кај демократите се издвојуваат Камала Харис, Гавин Њусом и Александрија Окасио-Кортез.
Ричард Гир за Доналд Трамп: Кој би помислил дека таков манијак може да стане претседател на САД?


