Ричард Гир за Доналд Трамп: Кој би помислил дека таков манијак може да стане претседател на САД?
Холивудскиот актер Ричард Гир го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „манијак“ кој уништува „сè добро“, на јавен форум во Осло, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
– Живееме низ најтемниот момент што некогаш сум го видел на оваа планета. Кој би помислил дека Америка може да направи таков пресврт? Кој би помислил дека таков манијак може да стане претседател на Соединетите Американски Држави? – рекол 76-годишниот американски актер.
Гир беше во норвешката престолнина Форумот за слобода, за да ја додели Меѓународната награда „Вацлав Хавел“ , за креативен дисидентски ангажман на кинескиот уметник Гао Жен, затворен во сопствената земја, и мјанмарскиот дисидент Саи.
– Од првиот ден, овој човек демонтираше речиси сè добро што постоеше во американската влада и американското општество – им рекол тој на неколку стотици гледачи.
– Како беше тоа воопшто можно? Затоа што заспавме. Не ни беше грижа. Не гласавме. Навистина не слушавме – додал тој, признавајќи дека самиот не мобилизирал доволно луѓе околу себе.
Актерот рекол и дека неодамна го посетил поранешниот нацистички концентрационен логор Дахау, предупредувајќи на апатија.
– Треба да ги видиме знаците, оваа монструозна диктатура, колку брзо се консолидира. Треба да останеме будни – рекол тој.
Инаку, Ричард Гир е долгогодишен застапник на Тибет и преобратен во будизмот, живее во Шпанија од 2024 година со својата шпанска сопруга, Алехандра Силва.


