Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

ВИДЕО | Владата на Орбан со години бришела профили од Фејсбук – за да го видите списокот со блокирани Унгарци ќе ви требаат 13 минути

Унгарската влада најави дека во следните недели ќе деблокира речиси 10 илјади корисници на кои им бил забранет пристап до нејзината официјална страница на Фејсбук, пренесе Индекс.

За да го прикаже обемот на забраните, владата објави 13-минутно видео на кое се гледа долг, замаглен список на блокирани корисници.

Бидејќи унгарската влада важните соопштенија често ги објавува токму на социјалните мрежи, корисниците на кои пристапот им бил оневозможен масовно побарале укинување на забраните по изборите.

Како што се наведува, корисниците биле блокирани од владината страница во текот на изминатите години од владеењето на партијата Фидес и поранешниот премиер Виктор Орбан.

Според сегашните информации, вработените во владиниот кабинет за комуникации наскоро ќе почнат со постапката за деблокирање.

„Градиме земја во која секој може слободно да го изрази своето мислење, сè додека со тоа не ги навредува другите“, порачаа од новата унгарска влада.

Новата власт во Унгарија не попушта – нема отпремнини за луѓето на Орбан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот