ФОТО | Куманово под вода по поројниот дожд, екипите на терен ги чистат улиците

По обилните врнежи од дожд што попладнево го зафатија Куманово, екипите на јавните претпријатија и фирмите изведувачи се на терен и работат на расчистување на наносите, чистење на шахтите и каналетите, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Во известувањето се наведува дека веднаш по намалувањето на интензитетот на дождот започнало расчистување на чакалот и песокот од улиците, а по завршување на овие активности ќе следува темелно чистење на сообраќајниците и санирање на погодените градилишта.

Куманово попладнево беше зафатено од обилни врнежи од дожд кој во одреден период беше проследен со грмежи. Од Општина Куманово ги повикаа граѓаните чии домови се поплавени да се обратат за помош при испумпување на водата на телефонскиот број 193 на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Општината соопшти дека внимателно ја следи состојбата и останува на располагање на граѓаните. На локациите каде што дошло до излевање на фекална канализација, вечерва ЈП „Чистота и зеленило“ ќе спроведе миење на улиците и нивна дезинфекција. Кумановци укажуваат дека со години се јавуваат исти проблеми на неколку локации во градот, при обилни врнежи, особено онаму каде што има недостаток на атмосферска канализација.

ВИДЕО+ФОТО | Невреме во Скопје, улиците поплавени, сообраќајот во хаос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот