Врнежливо време / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

И утре времето ќе биде нестабилно – жештината се враќа викендов

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремен локален дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

На одделни места се очекуваат поинтензивни процеси, проследени со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер со брзина над 60 километри на час, како и услови за краткотрајно невреме со град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, додека дневната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме, пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град.

Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ВИДЕО+ФОТО | Невреме во Скопје, улиците поплавени, сообраќајот во хаос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот