Влатко Стефановски / Фото: „Слободен печат“

ВИДЕО | Мојот басист не доби виза за Англија, бев лут: Влатко Стефановски за непријатната случка пред снимањето во Лондон

Легендарниот македонски гитарист Влатко Стефановски, откри дека е лут што неговиот басист, Иван Кукиќ не добил виза за Англија, кога Стефновски и неговите соработници снимаа во Лондон.

Во гостувањето во емисијата „Да си кажеме“ на ТВ Телма, Стефановски откри работи на своите мемоари. Преку нив, тој се осврнува на клучните моменти од кариерата, но и на бирократските пречки и дискриминацијата со која се соочувале музичарите.

Стефановски се присети на времињата кога легендарната група „Леб и сол“ стигнала до Лондон, но и на стресните моменти поминати во чекање визи. Како највпечатлив и најболен пример за оваа неправда, тој ја посочи неодамнешната ситуација со неговиот сегашен басист, Иван Кукиќ.

„Во моите мемоари имам напишано како групата ’Леб и сол’ стигна во Лондон и како… ’Аха, што сте вие, бенд? Ај на страна’“, раскажува Стефановски, опишувајќи го сомнежот со кој се соочувале на границите. „Или како сме трепереле чекајќи визи. Или кога мојот басист не доби виза за ‘Аби роуд ‘ сега, од непознати причини“, се сети Влатко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Да си кажеме (@dasikazeme)


Во 2024 година, во култното лондонско студио, Стефановски со Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на контрабас сними 22 песни, меѓу кои и една од „Битлси“.

Гитаристот со доза на иронија и револт го прокоментира однесувањето на британските служби, кои очигледно покажале неразбирање за профилот на музичарите.

„Се уплашила администрацијата британска дека басистот мој ќе остане? Тој од Струмица не сака да мрдне, таму му е рајот нему! Иван Кукиќ не доби виза за Англија. Јас бев луд! Сите бевме луди. Барав замена во последен момент“, се присетува тој.

За Стефановски, ваквите административни бариери не се само технички проблем, туку длабока навреда за уметничката слобода и човечкото достоинство.

„Тоа е толку дискриминирачки. Јас сум толку чувствителен на човечка дискриминација“, рече Влатко Стефановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот