ФОТО+ВИДЕО | Пораснале во вистински фраери — синовите на Бритни Спирс дебитираа на Модната недела во Париз и сите гледаат во нив
Синовите на поп-принцезата Бритни Спирс, Џејден (19) и Шон (20), дебитираа на Модната недела во Париз, само еден месец откако Џејден се појави на модна ревија во Лос Анџелес.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Децата на 44-годишната пејачка, Шон Престон Федерлајн и Џејден Џејмс Федерлајн се појавија на Неделата на машка мода во Париз, откако беше објавено дека двајцата заедно ќе го направат своето „модно деби на писта“ во текот на повеќедневниот настан во странство.
View this post on Instagram
Шон Престон и Џејден Џејмс, чиј татко е Кевин Федерлајн, прошетаа на ревијата на брендот „Ветементс“ на која беше претставена машката колекција за пролет/лето 2027 која се одржа во петок, 26 јуни, покажувајќи дека се подготвени за сцената како и нивната мајка.
Шон носел сатенски блејзер-мантил со фармери, кошула и кравата, додека Џејден прошетал во фармерки со кожен ремен и бела маичка без ракави.
View this post on Instagram
Нивното појавување доаѓа еден месец откако Џејден присуствувал на „Диор круиз“ ревијата во Лос Анџелес, одржана на 13 мај. На настанот на кој присуствувале бројни познати личност, вклучувајќи ги Мајли Сајрус и Сабрина Карпентер, Џејден се појавил во едноставен, но стилизиран аутфит: темнозелена јакна под која носел карирана кошула во комбинација со фармерки.
View this post on Instagram
Ова доаѓа во период кога се појави веста дека Бритни самата отишла во установа за лекување, откако била уапсена под сомнение дека возела под дејство на дрога и алкохол на 4 март во Калифорнија.
Извор за магазинот „Пипл“ изјавил дека синовите имале „голема улога“ во нејзината одлука да отиде на лекување.
„Беше многу вознемирена и потресена по апсењето. Исто така се ужаснува од затворите. Ѝ беа потребни недели за да сфати дека одењето на рехабилитација е најдобрата опција“, истакнал изворот.
ВИДЕО | Бритни Спирс објави ново видео со 19-годишниот син, три недели по апсењето
Голем пресврт — синот на Бритни Спирс го смени презимето по нивното повторно обединување
ВИДЕО | „Тоа ѝ го лекува срцето“ – Бритни Спирс поминува квалитетно време со синовите по апсењето


