Канадската пејачка Селин Дион испрати порака за време на годинашната Евровизија. Таа ја претставуваше Швајцарија и победи во далечната 1988 година / Фото: Profimedia

Канада ќе го има своето прво учество на Евровизија следната година

На Денот на Канада беше објавено дека земјата ќе дебитира на Евровизија 2027, која ќе се одржи во Бугарија. Со тоа, Канада станува првата нова држава што му се приклучува на натпреварот по Австралија, која првпат настапи во 2015 година.

Можноста за учество доаѓа откако канадскиот јавен радиодифузен сервис Си-би-си/Радио-Канада стана полноправен член на Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Токму полноправното членство во ЕБУ е еден од основните услови за учество на изборот за песна на Евровизија.

Организаторите ги повикаа сите заинтересирани повеќе информации да побараат на официјалната веб-страница на натпреварот, каде што можат да се приклучат и на заедницата на обожаватели „Еврофан“ за први да ги добиваат најновите вести поврзани со „Евровизија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


Полноправното членство на Си-би-си/Радио-Канада беше одобрено во четвртокот, по гласањето на Генералното собрание на ЕБУ во Прага. Канадскиот јавен сервис беше придружен член на организацијата уште од 1950 година.

Иако новиот статус ѝ овозможува на Канада да поднесе пријава за учество на Евровизија, од Си-би-си/Радио-Канада засега не откриваат дали тоа навистина ќе се случи.

„Повеќе информации за учеството на ‘Евровизија’ ќе можеме да соопштиме дополнително“, изјави во електронска порака портпаролот на Си-би-си/Радио-Канада, Леон Мар.

Сите досегашни македонски претставници на Евровизија: „Proud“ нѐ направи горди, а цела Европа танцуваше на „Нинанајна“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот