Невреме во Скопје/ Фото: Слободен печат-Елеонора Антиќ

ВИДЕО+ФОТО | Невреме во Скопје, улиците поплавени, сообраќајот во хаос

Невремето со силен дожд кој во изминатиот час врне во Скопје веќе ги поплави улиците и ги покажа сите слабости и недостаток на атмосферска канализација по дел од градските сообраќајници. Низ градот не се оди ниту пеш, а тешко е движењето и со автомобили.

Граѓани јавуваат дека поради поплавите е блокиран сообраќајот на булеварот „Борис Трајковски“ кај стаклара.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека поради силното невреме е активиран Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција.

 Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции. Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици. Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно. Не можеме да го запреме невремето, но можеме организирано, одговорно и заеднички да спречиме поголеми штети – вели Ѓорѓиевски.

Погледнете како е низ Скопје во моментов.

Невреме во Скопје/ Фото: Слободен печат-Елеонора Антиќ
Невреме во Скопје/ Фото: Слободен печат-Елеонора Антиќ
Невреме во Скопје/ Фото: Слободен печат-Елеонора Антиќ
Невреме во Скопје/ Фото: Слободен печат-Елеонора Антиќ
Невреме во Скопје/ Фото: Слободен печат-Елеонора Антиќ
Невреме во Скопје/ Фото: Слободен печат-Елеонора Антиќ
Невреме во Скопје/ Фото: Слободен печат-Елеонора Антиќ

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот