Униформи/ Фото: Општина Гази Баба

За основците од Гази Баба и наредната учебна година ќе има бесплатни униформи

Општина Гази Баба и во наредната учебна година ќе обезбеди бесплатни униформи за сите ученици од основните училишта. Како што информира градоначалникот Бобан Стефковски, тендерот за нивната набавка е веќе завршен.

Според информациите објавени на Електронскиот систем за јавни набавки, Општината за најдобар понудувач го избрала  Друштвото за производство на облека „Армариум груп“ од Скопје. Фирмата треба да обезбеди 19.800 парчиња облека, односно 6600 униформи составени од маици со кратки и со долги ракави и дуксер.

Стефковски не соопшти колку ќе ја чини оваа набавка Општината, но како што вели, училишните униформи придонесуваат за поголема еднаквост меѓу учениците, ги намалуваат социјалните разлики, поттикнуваат чувство на припадност кон училиштето и создаваат средина во која знаењето, трудот и воспитувањето се вистинските вредности по кои се препознава секој ученик.

Новата градинка во Трубарево пуштена во употреба, од среда ќе ги отвори вратите за децата

Во исто време, обезбедувањето бесплатни униформи претставува и директна поддршка за семејствата. Во време кога секој трошок е важен, наша обврска е да носиме мерки кои го олеснуваат секојдневието на родителите и обезбедуваат подобри услови за образованието на нивните деца – нагласува градоначалникот.

Тој додава дека образованието е најдобрата инвестиција и затоа покрај модернизацијата на училиштата, подобрувањето на инфраструктурата и создавањето подобри услови за учење, Општина Гази Баба продолжува да инвестираме и во мерки кои обезбедуваат достоинствени и еднакви услови за секое дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот