Дивогтрадба во Старото градско јадро во Охрид, фото: Министерство за транспорт

Дивоградби на секој чекор — лани никнале 911, најмногу се куќи

Бесправното градење во Македонија често е мета на критики од стручната јавност и е претставено како хроничен проблем по домашни и меѓународни документи, а сега повторно се најде и во извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС), кој информира дека лани била изградена 911 дивоградба.

Бројот на дивоградби во 2025 година е зголемен за 154, односно за околу 20,3 отсто во однос на 2024 година.

Бесправно изградени објекти во Македонија во изминатата деценија, извор: ДЗС

Според ДЗС, најголем дел од дивоградбите во 2025 година се наменети за домување.

Односно, од вкупниот број, 169 објекти или 18,6 проценти се од категоријата домување. Меѓу нив има 128 станбени куќи, 24 претежно станбени објекти и 17 објекти за одмор и рекреација.

Извор: ДЗС

Податоците покажуваат дека најголемиот дел од дивоградбите се во приватна сопственост. Дури 96,1 процент од бесправно изградените објекти им припаѓаат на физички лица и приватни инвеститори.

При крајот на февруари, Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со што рокот за легализација на дивоградбите во Македонија се продолжи до март 2031 година. Односно, во членот 5 зборовите „петнаесет години“ беа заменети со „дваесет години“.

Нов предлог закон за легализација на дивоградби, се бара продолжување на рокот за изградба на бесправниот објект

Од власта посочија дека станува збор за „техничко продолжување“, со цел, како што рекоа, да не се прекинат илјадници предмети што се наоѓаат во разни фази на постапка.

Од друга страна, повеќе опозициски партии, стручната јавност и граѓански организации оценија дека продолжувањето на рокот за легализација е продолжување на беззаконието. Односно, според критичарите на измените, наместо реформа и анализа на нефункционалните процедури, сега повторно се нуди пролонгирање за дивоградбите.

Продолжување на рокот за дивоградбите е продолжување на беззаконието, реагира „Шанса за Центар“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот