Биелса без влакна на јазикот по колапсот на Мундијалот: „Валканата облека од соблекувалната излезе на виделина“
Уругвај рано го заврши настапот на Светското првенство, а по елиминацијата уште во групната фаза дојде и до голема промена на клупата – селекторот Марсело Биелса поднесе оставка.
Препорачано
Аргентинскиот стратег на прошталната прес-конференција отворено зборуваше за неуспехот, преземајќи целосна одговорност за резултатите и нагласувајќи дека разочарувањето е огромно. Како што истакна, тој дошол во Уругвај со цел да спроведе генерациска смена и нов стил на игра, но не успеал да го доведе проектот до посакуван крај.
„Овој крај е многу болен. Не можам да го оправдам резултатот. Тоа е огромна фрустрација и пад што е тешко да се поднесе“, порача Биелса.
ВИДЕО | Мундијалски вести: Мбапе и Олисе ја збришаа Шведска, „ацтеките“ газат сè пред себе
Тој додаде дека и покрај напорите на стручниот штаб и играчите, исходот бил разочарувачки, и дека дури и поинакви одлуки не би го промениле конечниот резултат. Во обраќањето се осврна и на работата во текот на подготовките, откривајќи дека прифатил дел од барањата на фудбалерите со цел да се зачува единството во тимот.
Биелса негираше дека имал конфликт со Федерико Валверде, истакнувајќи дека ѕвездата на Реал Мадрид секогаш била професионална и отворена за сите тактички улоги.
Ван Дајк на мета на критики по елиминацијата на Холандија од СП
„Никогаш немав проблем со Валверде“, нагласи тој, додавајќи дека повредите на клучни играчи значително влијаеле врз подготовките и перформансите на тимот.
И покрај елиминацијата, Биелса смета дека Уругвај имал доволно квалитет за подобар резултат, наведувајќи дека статистиката и играта покажувале поинаква слика од конечниот исход. Тој ги пофали играчите за посветеноста, но призна дека јавноста и очекувањата останале неисполнети.
Во своето збогување, селекторот се осврна и на поединечни ситуации од турнирот, вклучувајќи ја и одлуката на голманот Фернандо Муслерa да побара замена по грешка, како и неговата реакција по натпреварот со Шпанија, за која призна дека била резултат на емоции и разочарување.
Со ова, завршува мандатот на Марсело Биелса на клупата на Уругвај, период кој започна со големи надежи, а заврши со болно збогување и елиминација уште во групната фаза на Мундијалот.
ВИДЕО | Уште една драма на Мундијалот: Мароко по изведување пенали ја испрати дома Холандија


