Фото: МРК Куманово/РК Еурофарм Пелистер-Фејсбук

Ончев и Азиз Бен Махфуд го засилија Тиквеш

Тиквеш е еден од најактивните суперлигаши и веќе ги договори првите засилување за следната сезона. Дресот на кавадаречкиот суперлигаш ќе го носат тунискиот интернационалец Мохамед Азиз Бен Махфуд и поранешниот младински репрезентативец Тоше Ончев.

Бен Махфуд доаѓа од редовите на Еурофарм Пелистер 2, каде што во изминатата сезона беше еден од најдобрите играчи во македонската Суперлига.

Ончев во Кавадарци се сели од екипата на Куманово каде настапуваше минатата сезона, а зад себе има богата кариера. Ончев ги бранеше боите на Вардар, Охрид, Голден Арт, Фруитленд Борец, како и на француските Вернолиет и Вермон, словенечки Тримо Требње, грчка Феакаш и шпански Валинокс Новакс.

Бен Махфуд и Ончев со сигурност ќе бидат од голема помош за суперлигашот од Кавадарци кој и во новата сезона ќе ги напаѓа позициите кои носат настап во Европа.

Охрид го врати Ивановски во своите редови

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот