Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Јирген Клоп би можел да биде нов селектор на Германија

Разочарувачката елиминација на германската репрезентација во 1/16 финалето на Светското првенство од Парагвај предизвика сериозни бранови во Германската фудбалска асоцијација.

Првиот човек на германскиот фудбал, Бернд Ноендорф, изјави дека резултатот не ги исполнува високите амбиции на репрезентацијата и најави детална анализа на неуспехот, што дополнително ги поттикна шпекулациите за иднината на селекторот Јулијан Нагелсман.

Според „Скај Спортс“, разделбата со Нагелсман станува сè пореална опција, бидејќи поддршката за сегашниот селектор во рамките на асоцијацијата значително ослабе. Иако Нагелсман ја отфрли можноста сам да поднесе оставка, неговиот статус е сериозно разнишан, и покрај фактот дека неговиот договор важи до Европското првенство во 2028 година.

Во меѓувреме, се појави и името на првиот кандидат за клупата на Германците. Според истите извори, Јирген Клоп е подготвен да ја преземе германската репрезентација доколку добие официјална покана од Фудбалската асоцијација. Трофејниот експерт наводно е отворен за оваа можност, што во моментов го прави главен фаворит за наследник на Нагелсман.

Според Фабрицио Романо, Јирген Клоп би бил отворен да размисли за селекторската клупа доколку првите луѓе на германскиот фудбал одлучат да го повикаат.

Нагелсман сака да остане, но конечната одлука е во рацете на асоцијацијата, па Клоп би бил отворен за слушање и заинтересиран за проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот