Христина Мучева, партнерка на Панче Илиев, фото приватна архива
Христина Мучева, партнерка на Панче Илиев, фото приватна архива

Панче Илиев е осуден за убиство во Струмица, а телефонот со криптопаричник од 100 илјади евра го снема од доказите

Мобилен телефон на кој имало паричник за криптовалути од околу 100 илјади евра, а кој бил земен од Панче Илиев, осуден за убиство, не му се вратени на неговото семејство и исчезнале во судските лавиринти, објави БИРН.

Во истражувањето на новинарот Васко Маглешов, се открива дека наместо телефонскиот уред на кој бил криптопаричникот, вратен од судското депо бил сосема друг телефон што бил визуелно идентичен.

Партнерката на Панче Илиев кој сега е на издржување казна затвор, Христина Мучева, на социјалната мрежа Фејсбук последните недели преку постојани објави известува дека поминува правна голгота и не може да го врати телефонот на кој се парите ниту пак знае каде е.

Таа за „Слободен печат“ рече дека наишла на отпор во судското депо, кога била да го подигне телефонот, затоа што барала да го приклучи на полнач и да се увери дека се работи за истиот уред што му бил одземен на нејзиниот партнер. Едвај, според нејзините зборови, ѝ било дозволено да остави белешка дека не ѝ дозволуваат да ја изврши таквата проверка. Таа исто така додаде, дека никогаш со тој телефон не било извршено ниедно истражно дејствие, а „icloud“ (ајклауд) бил избришан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот