Семејна веселба во Ласкарци почнала со славење, но завршила со приведување

Полицијата приведе 48-годишен жител на скопското село Ласкарци, по пријава дека пукал од пиштол за време на семејна веселба.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 јуни, во 16:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во селото Ласкарци го лишиле од слобода Р.С. (48), жител на истото село.

Интервенцијата следувала по претходна пријава дека тој употребил огнено оружје, односно пукал од пиштол додека траела семејната веселба.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Им скршил ретровизор кај Шишево, па му пукале во глава — двајца браќа ќе одговараат за обид за убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот