Им скршил ретровизор кај Шишево, па му пукале во глава: Двајца браќа ќе одговараат за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајца браќа на возраст од 43 и 44 години поради сомнение дека како соизвршители сториле убиство во обид, откако во близина на авто-плац кај селото Шишево пукале кон еден маж и го погодиле во главата, а притоа уште двајца довеле во опасност.

Според Обвинителството, повод за инцидентот бил претходен сообраќаен контакт при разминување на две возила, кога се допреле ретровизорите и настанала вербална расправија меѓу братот на оштетениот и првоосомничениот. Во таа расправија, осомничениот наводно го фатил оштетениот за врат и му се заканил, но сведоци ја смириле ситуацијата.

Подоцна, оштетениот ја земал сопругата од работа и го повикал брат му да провери дали можат безбедно да се вратат по истиот пат. Обвинителството тврди дека во близина на местото на првиот инцидент, двајцата осомничени браќа ги чекале скриени во грмушки и вооружени со пиштоли.

„Првоосомничениот испукал два куршуми, при што го погодил братот на првично нападнатиот во главата, нанесувајќи му тангенцијална повреда, а ги загрозил и другите две лица“, наведува Обвинителството.

Јавниот обвинител донел Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) и до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Како причини за притвор, Обвинителството наведува опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и страв дека осомничените би можеле да го довршат обиденото кривично дело.

Еден ја тепал сопругата, друг ја вознемирувал поранешната — свекор замавнал кон снаата, зет удрил тешта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот