Еден ја тепал сопругата, друг ја вознемирувал поранешната — свекор замавнал кон снаата, зет удрил тешта
Двајца се приведени, а петмина добија пријави за семејно насилство само во последното деноноќие, информира МВР.
Препорачано
Синоќа, десет минути пред полноќ, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го привеле И.Н.(54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден во 19:30 часот во СВР Велес, 39-годишна велешанка пријави дека нејзиниот сопруг М.Ј.(41) од Велес, не го почитувал решението од Основен суд Велес, односно и се јавувал на телефон и ја вознемирувал, а 54-годишна жена пријавила дека околу 17 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Н.(61).
„На 05.06.2026 во 22:50 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Б.И.(42) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал мајката на неговата сопруга, а во 13:30 часот во СВР Штип 34-годишна жена пријави дека во домот во Штип со тврд предмет била нападната од нејзиниот свекор Б.Т.“, се наведува во полицискиот билтен.


