Пикси/ EPA-EFE/Tamas Kovacs

Навивачи на Звезда го избркале Пикси од кафуле во Белград

Поранешниот селектор на Србија и фудбалер на Црвена звезда, Драган Стојковиќ – Пикси, наводно доживеал непријатна ситуација за време на посетата на стадионот „Рајко Митиќ“, објавуваат српските медиуми.

Според информациите на „Спорт Клуб“, инцидентот се случил пред неколку дена во кафуле кое е во сопственост на легендарниот голман на Црвена звезда, Стеван Стојановиќ – Дика. Пикси дошол да го посети својот долгогодишен пријател и седнал во локалот, но набрзо таму пристигнала група навивачи на белградскиот клуб.

Наводно, тие побарале од Стојковиќ да го напушти објектот и просторот околу стадионот. Иако Стојановиќ се обидел да ја смири ситуацијата и да спречи поголем инцидент, навивачите останале на својот став.

Според истите извори, тие му се извиниле на Дика, но не отстапиле од барањето Пикси да си замине. Поранешниот фудбалер и тренер, без дополнителни реакции, мирно го напуштил кафулето.

Српските медиуми потсетуваат дека ова не е првпат Стојковиќ да се соочи со ваква непријатност, бидејќи сличен инцидент му се случил и во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот