Примирјето е на стаклени нозе: САД возврати откако Иран собори дронови во Ормускиот Теснец

САД и Иран разменија напади рано утрово по локално време, неколку дена откако издадоа контрадикторни пораки за статусот на разговорите за прекин на огнот, објави Си-ен-ен.

Во меѓувреме, во Либан, борбите меѓу израелските сили и Хезболах, поддржан од Иран, се интензивираа и покрај прекинот на огнот договорен од израелската и либанската влада.

САД пресретнаа бран ракети и беспилотни летала лансирани од Иран кон Ормутскиот Теснец и во регионот на Персискиот Залив. Американските сили, исто така, нападнаа крајбрежни радарски места за надзор во Иран откако соборија четири беспилотни летала за напад, соопшти Централната команда на САД.

Иран испука неколку истрели како „предупредување“ во близина на Ормутскиот Теснец, што „можеби било поврзано“ со преместувањето на американските поморски бродови во областа, објави полуофицијалната новинска агенција Мехр.

Сирени беа активирани рано во саботата наутро во Кувајт и Бахреин. Кувајтската армија соопшти дека реагира на закани со ракети и беспилотни летала, додека Бахреин им рече на жителите да се засолнат.

Вчера повеќе од 20 лица беа убиени во напади на југот на земјата, објави Си-ен-ен.

Иран оштетил над 20 американски бази на Блискиот Исток

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот