Сателитска снимка на погодени објекти со ирански ракети - Извор Нова.рс.

Иран оштетил над 20 американски бази на Блискиот Исток

Сателитски снимки покажуваат бројни оштетени американски воени објекти, што сугерира дека нападите на Иран можеби биле пообемни одошто е јавно признаено, велат од “Би-би-си“.

Сателитски снимки покажуваат дека Иран оштетил повеќе од 20 американски воени бази на Блискиот Исток, објави „Би-би-си“.

Анализата билa спроведена од британскиот медиум со користење сателитски снимки и видеа, како и архивски снимки од компанијата за сателитско снимање „Планет“, за да ја процени штетата предизвикана од иранските напади.

Иран таргетирал клучни објекти во осум земји во регионот од крајот на февруари, при што биле таргетирани современи системи за противвоздушна одбрана, авиони за полнење гориво и радари.

Извештајот проценува дека директната штета се мери во милиони долари, додека, пак, вкупните трошоци за поправка и замена би можеле да достигнат милијарди.

Иран тврди дека нападнал американска база — Трамп вели дека „сѐ ќе биде во ред“

Иран ги таргетирал објектите во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Катар, Кувајт, Ирак, Јордан, Бахреин и Оман, како одмазда за американско-израелските напади врз Иран и Либан во последните месеци.

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи тврди дека американските бази повеќе не се безбедни, додавајќи дека Блискиот Исток веќе нема да служи како „штит“ за САД.

Белата куќа претходно тврдеше дека иранските воени капацитети се речиси уништени.

Но, аналитичари за „Би-би-си“ велат дека штетата на американските објекти укажува на попрецизни и пообемни напади од тоа што официјално се признава.

САД одбија да коментираат за наодите, повикувајќи се на оперативна безбедност.

Вашингтон истовремено побара ограничување на сателитските снимки од „Планет“ за делови од Блискиот Исток, за да се намали можноста тие да бидат користени за воени цели.

„Би-би-си“ сепак користел други сателитски извори и архивски снимки за анализа, при што се потврдени најмалку 20 оштетени бази, а некои проценки укажуваат и на бројка до 28 погодени локации.

Иран објави видео од нападот врз Кувајт — на ракетата има слика од Трамп како моли за помош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот