Фото: Sepahnewsir403 / Telegram

Иран објави видео од нападот врз Кувајт — на ракетата има слика од Трамп како моли за помош

Откако утрово нападна американска база во Кувајт, Иран објави видео преку своите официјални канали кое, според Техеран, го прикажува моментот на лансирање на балистичките ракети, пренесува Гардијан.

На самиот почеток на видеото е прикажан крупен план од телото на една од ракетите, на кое се гледа налепница со политичка порака. На неа е американскиот претседател Доналд Трамп, покриен со модринки, како држи телефонска слушалка и моли за помош.

„Додека и последниот американски војник не си замине од регионот“, стои како порака.

Позадината на налепницата го прикажува затворениот Ормуски Теснец, стратешки клучен морски премин кој моментално е под двојна блокада.

Инаку, САД соопштија дека викендов погодиле ирански воени локации, па Иран денеска како одговор нападна американска база, што е најново во серијата разменети напади во време на преговори за завршување на тримесечната војна.

Нападите врз иранското крајбрежје во Заливот биле одговор на „агресивни ирански дејствија, вклучително и на соборувањето на американски дрон MQ-1, кој оперирал над меѓународни води“, соопшти на „Икс“ Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ).

Иранската Револуционерна гарда тврди дека нападнала американска воздушна база како одговор на ударите врз Јужен Иран, но не ја откри локацијата. Во Кувајт, каде има голема американска база, противвоздушната одбрана пресретнувала ракети и дронови додека се огласувале сирени.

Иран тврди дека нападнал американска база — Трамп вели дека „сѐ ќе биде во ред“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот