Фото: Принтскрин X

ВИДЕО | Апокалиптични сцени од Москва – има и мртви

Во нападите со беспилотни летала во Украина врз два магацини на најголемиот руски синџир за онлајн купување „Вајлдберис“ загинаа осум лица, а 62 се повредени, соопштија руските власти. Седум лица беа убиени во магацин во градот Тамбов, околу 475 километри југоисточно од Москва, каде што беа повредени уште 25. Во вториот напад, врз магацин во Електростаљ во Московскиот регион, едно лице беше убиено, а 37 беа повредени, јавува Би-Би-Си.

Видеа што личат на сцени од апокалиптични филмови кружат на социјалните мрежи. Граѓаните од Московскиот регион објавуваат видеа на кои се гледа небото целосно покриено со густ чад, со коментари дека „сонцето воопшто не се гледа“.

Главни цели на нападот беа логистичките центри на компанијата. Во градот Котовск, во регионот Тамбов, беспилотните летала директно погодија дистрибутивен центар, при што загинаа осум работници во ноќна смена и беа повредени 24 лица.

Речиси во исто време беше погоден и вториот најголем логистички центар на оваа компанија во градот Електростаљ, на само 50 километри од Кремљ. Снимките го прикажуваат гигантскиот комплекс во пламен, додека црниот чад се крева стотици метри во воздухот. Руските медиуми јавуваат дека, покрај магацините, цел биле и нафтените инсталации во градот Ногинск.

Зеленски: Нашите операции беа успешни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски набрзо се огласи и практично ја презеде одговорноста за овие акции. Тој истакна дека украинските сили успешно погодиле стратешки цели длабоко во руската територија, на растојанија поголеми од 500 и 700 километри од фронтовската линија.

„Операциите на долг дострел дадоа резултати во три различни сектори. Уништени се два големи логистички центри, кои се користеа за снабдување на компоненти за производство на беспилотни летала и навигациска опрема, со што се заобиколуваат меѓународните санкции“, рече Зеленски, честитајќи им на специјалните единици и разузнавачките служби за „хируршки прецизните“ напади.

Москва под опсада: Градоначалникот го потврди нападот на стотици беспилотни летала

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека во текот на ноќта е спроведена масовна одбранбена операција. Според него, повеќе од 370 беспилотни летала се движеле кон Московскиот регион, од кои руските системи за воздушна одбрана наводно уништиле 64 авиони пред да стигнат до самиот главен град.

Украински дронови уништија руски стратешки бомбардер „Ту-95“, објави Зеленски

Сепак, бројните удари на терен сведочат за фактот дека значителен дел од дроновите ја поминале заштитата.

Овие напади претставуваат нова фаза во стратегијата на Украина за таргетирање на критичните индустриски и логистички синџири на снабдување за руската војска, преместувајќи ги воените операции подалеку од фронтовските линии и во срцето на руската економија и инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот