Фото: Атлетска федерација на Македонија

Атлетичарките Димковска и Митевска со лични рекорди на Европското У18 првенство во Италија

Македонските репрезентативки Марта Димковска и Ева Митевска успешно ги завршија своите настапи на Европското првенство за атлетичари и атлетичарки до 18 години, кое се одржа во Риети, Италија.

Димковска настапи во две дисциплини, во дисциплината 400 метри истрча 59,87 секунди и го освои 39. место во конкуренција од 41 натпреварувачка.

На 200 метри постави нов личен рекорд од 25,42 секунди, подобрувајќи го своето најдобро време за 0,20 секунди, со што го освои 38 место во конкуренција од 40 натпреварувачки.

Митевска настапи на 100 метри, каде со резултат од 12,40 секунди го израмни својот личен рекорд, поставен пред една недела на Балканското првенство во Романија.

Во силна конкуренција од 38 натпреварувачки, Митевска заврши на 35 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот