Карлос Алкараз/ EPA/CRISTOBAL HERRERA ULASHKEVICH

Повредата е минато, познато е кога Алкараз се враќа на терените

Карлос Алкараз е подготвен за враќање на тениските терени откако последните медицински прегледи покажале дека повредата на зглобот на раката е целосно санирана.

Шпанскиот тениски ас имаше одличен старт на сезоната и го освои Австралија опен, но набргу потоа се соочи со проблеми поради повредата која го принуди на подолга пауза.

Поради незгодата, Алкараз ги пропушти настапите на Ролан Гарос и Вимблдон, но сега повторно е во тренажен процес и започнува подготовки за враќање во натпреварувачки ритам пред САД Опен

Според информациите од шпанските медиуми, новите тестови потврдиле дека неговиот зглоб е целосно заздравен, што претставува големо олеснување за вториот светски рекет и неговиот тим.

Сепак, планот е враќањето да биде постепено, без форсирање и со внимателно дозирање на напорите. Неговиот тим веќе подготвил стратегија за камбекот, а главниот фокус ќе биде ставен на американската турнеја.

Првиот сериозен предизвик за Алкараз се очекува да биде Мастерс турнирот во Синсинати, кој е на програмата од 13 до 23 август, каде Шпанецот ќе ја провери формата пред настапот на последниот грен-слем турнир во сезоната, САД Опен.

Синер остана број еден, Ѓоковиќ напредуваше на АТП листата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот