Фото: EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Уапсен е поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ

Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ беше уапсен во заедничка операција на локалната полиција и Управата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК).

Тој беше уапсен заедно со Неда Ливљаниќ, поранешна директорка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија.

Шимиќ е осомничен за нелегално добивање на потребните дозволи за камп во Тисно преку Ливљаниќ, која веќе е приведена за слични обвиненија.

Шимиќ е поранешен хрватски репрезентативец. За Хрватска одигра 100 натпревари помеѓу 1996 и 2008 година. Тој беше дел од националниот хрватски тим кој го освои третото место во светот на Светското првенство во 1998 година.

За време на неговата кариера играше за Динамо, Интер, Милан и Монако. Го крена трофејот од Лигата на шампионите со Милан во 2003 и 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот