Американец е позитивен на ебола, САД наредија карантин за сите патници од ДР Конго
Американските власти утрово соопштија дека им се забранува на американските државјани во Демократска Република Конго да патуваат во САД со комерцијални летови, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Наредбата, која се спроведува според транспортната регулатива позната како „Наслов 49“, ќе ги стави американските државјани кои се наоѓаат во Конго или оние кои неодамна ја напуштиле земјата на листа „не смее да се качи“, сè додека не поминат најмалку 21 ден во трета земја, изјави претставник на Белата куќа.
Новите ограничувања доаѓаат во време на ширење на епидемија на ебола, која зафати повеќе провинции во Конго.
Бројот на потврдени случаи на ебола во земјата се искачи на 1.926, вклучително и 702 смртни случаи.
Бројот на заразени со ебола надмина 1.700 — болеста се шири со движењето на населението, вели СЗО
Вирусот се пренесува преку директен контакт со телесни течности на заразени луѓе или на животни, а симптомите може да вклучуваат висока температура, повраќање и внатрешно и надворешно крвавење.
Околу дваесетина Американци требало да се качат на летови кон САД утрово, откако претходно патувале во Конго, според американскиот претставник, кој изјави дека Стејт департментот ќе им пружи поддршка ним и на другите засегнати луѓе во периодот на чекање.
Претходно американскиот министер за здравство и социјални услуги, Роберт Ф. Кенеди Јуниор, потпишал наредба поврзана со зголемениот ризик од ебола, вклучително и ширењето на вирусот на само неколку часа од главниот град на Конго, Киншаса.
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во петокот соопшти дека американски државјанин кој работел за хуманитарна организација во Конго бил позитивен на вирусот ебола од видот Бундибуѓо.
Според официјални лица, еден заразен Американец од Конго вчера бил примен во Универзитетската болница во Франкфурт, Германија.
Уште еден Американец, идентификуван од хуманитарната организација „Серж кристијан мишн“ како доктор Питер Стафорд, се заразил со ебола и бил пренесен во Германија на лекување, соопшти ЦДЦ во мај.
Кенија ја запре изградбата на контроверзниот карантински објект за Американци заразени со ебола


