ВИДЕО | Руски ракети го погодија Киев – запалени магацини и автомобили
Русија утрово изврши балистички ракетен напад врз Киев, при што избувнаа пожари во најмалку две градски области на украинската престолнина, објави „Киев пост“.
Препорачано
Првата експлозија одекнала уште пред да бидат активирани сирените за воздушна опасност, по што противвоздушната одбрана започнала да пресретнува проектили над Киев и во други делови на земјата.
Во рок од неколку минути низ градот биле регистрирани дури осум експлозии. Според повеќе извештаи, Русија кон Киев истрелала меѓу шест и осум модифицирани балистички ракети С-400.
Kyiv pic.twitter.com/IFlt8cx2AH
— ThreeHappyDachshunds (@TwoHappyDachs) July 14, 2026
Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека биле погодени магацински објекти на две локации во областа Холосијивски, каде што по нападот избувнале пожари.
Во областа Дарницки, остатоци од ракети паднале на отворен простор и запалиле неколку автомобили.
„Русија го напаѓа Киев со балистички ракети. Останете во засолништата“, предупреди Кличко додека нападот беше во тек.
И шефот на Киевската градска воена администрација Тимур Ткаченко ги повика жителите да останат во заштитени простории додека трае ракетната закана.
На погодените локации биле испратени екипи на итните служби. Засега нема официјални информации за жртви.


