Цени на нафтата/ Фото: ЕПА

Секој ден ново поскапување, нафтата стигна до 85 долари за барел

Цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, при што суровата нафта брент се искачи до речиси 85 долари за барел, достигнувајќи највисоко ниво во последните четири недели. Причина за новиот раст е ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец, што повторно ги зголеми стравувањата од прекин на глобалното снабдување со нафта – објави Ројтерс.

Брент во вторникот се тргуваше околу 84,8–85 долари за барел, додека американската WTI нафта се приближи до 80 долари. Пазарите реагираа по обновените американски воени активности и повторното воведување блокада на иранскиот извоз, што ја врати геополитичката премија во цената на нафтата.

Дополнителна неизвесност предизвика и најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можен надомест од 20% за товарите што минуваат низ Ормускиот Теснец, како дел од, како што рече, обезбедувањето на безбедноста на една од најважните светски енергетски рути. Аналитичарите оценуваат дека засега нема јасни детали како би функционирала ваквата мерка и дали воопшто ќе биде спроведена.

Според пазарните аналитичари, секое дополнително нарушување на пловидбата низ Ормускиот Теснец може да предизвика уште посилен раст на цените, бидејќи низ овој морски премин поминува значителен дел од светската трговија со сурова нафта.

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од четири проценти

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот