Де ла Фуенте: Мора да бидеме внимателни, да не правиме грешки против Франција
Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изјави дека неговиот тим мора да биде внимателен во претстојното полуфинале на Светското првенство против Франција, да не прави грешки и со тоа да му даде шанса на противникот.
Препорачано
– Ова е исклучително тежок натпревар. Тоа е полуфинале. Веќе реков дека ова може да биде финале на Светското првенство, но од друга страна, натпреварот помеѓу Аргентина и Англија би бил исто така уште едно финале. Ние сме првите четири репрезентации на ранг-листата на ФИФА – рече Де ла Фуенте.
Натпреварот ќе се игра денеска од 21.00 часот на стадионот во Далас, и истиот ќе го суди Иван Бартон од Ел Салвадор.
– Мора да бидеме внимателни, да не правиме грешки, да не му даваме никакви шанси на противникот, да се обидеме да ја контролираме играта колку што е можно повеќе и да бидеме немилосрдни во шеснаесетникот – додаде шпанскиот селектор.
Своите очекувања ги сподели и младата светска фудбалска ѕвезда и играч на Барселона, Ламин Јамал:
– Ова е најважниот натпревар што некогаш ќе го играм. И ми е мило што стигнав до тука. Сите сме навистина возбудени, а јас сум највозбуден. Дефинитивно е најважниот натпревар што некогаш ќе го играм – вели Јамал.


