ВИДЕО | Американски имиграциски агент смртно застрела „погрешен човек“, една недела по сличен случај
Агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ИЦЕ) вчера уби Колумбиец за време на операција во сојузната држава Мејн, една недела откако агенцијата употреби смртоносна сила против друг маж во Тексас, објави „Би-би-си“.
Препорачано
Во најновиот инцидент, службата соопшти дека нејзини агенти надгледувале адреса во градот Бидефорд, каде што се наоѓал мигрант со наредба за депортација.
Кога агентите на ИЦЕ се обиделе да запрат човек кој возел од таа адреса, „возилото се обидело да побегне од местото, а поради страв за безбедноста на јавноста, службеникот го употребил оружјето“, соопшти ИЦЕ, додавајќи дека „возачот бил погоден“.
ИЦЕ не објави детали зошто службеникот сметал дека постои опасност по безбедноста.
ICE agents fatal shooting footage from Biddeford, Maine has been released by Portland Press Herald. https://t.co/3VUBN54l3M pic.twitter.com/OYivFM8SKV
— Nathan Bernard (@nathanTbernard) July 13, 2026
Главниот обвинител на Мејн соопшти дека во инцидентот учествувал службеник на Одделот за операции за депортација при ИЦЕ, а агентот е ставен на административно отсуство додека трае истрагата.
Првичните информации укажуваат дека „лицето се обидело да избега со возило во правец на службеникот, по што било смртно застрелано“, изјави јавниот обвинител на Мејн, Арон Фреј.
Името на починатиот нема да биде официјално објавено додека неговото семејство не биде известено, се додава во соопштението.
Канцеларијата на генералниот инспектор при Министерството за внатрешна безбедност на САД (ДХС), под чија надлежност е ИЦЕ, ја презеде истрагата, според сенаторката Сузан Колинс.
Нејзиниот колега, сенаторот Ангус Кинг, независен политичар, изјави дека првично бил информиран од шефот на ДХС, Марквејн Мулин, дека убиениот маж бил цел на налог за апсење во рамките на имиграциска операција.
Но, неколку часа подоцна, Кинг добил повик од Мулин, кој му рекол дека мажот всушност не бил цел на налогот, соопшти неговиот кабинет за „Би-би-си“.
Амбасадата на Колумбија потврди дека убиениот бил колумбиски државјанин.
ICE murdered someone in Biddeford, Maine.
Maine’s Speaker of the House has confirmed an ICE agent shot and killed someone as of this morning via FB.The purpose of any system is what it does, this ethnic cleansing campaign by the Trump regime is killing people is the streats… pic.twitter.com/z8cIqTZAOI
— Austin MacNamara (@gremloe) July 13, 2026
Амбасадата соопшти дека побарала „информации и појаснувања“ од ДХС „во врска со околностите околу оваа жална смрт“ и дека внимателно ќе го следи случајот додека продолжува истрагата.
Според Коалицијата за права на имигрантите во Мејн, убиениот бил 26-годишен Колумбиец кој имал дозвола за работа во САД.
„Тој беше член на нашата заедница, сосед и човечко суштество чиј живот трагично заврши прерано“, соопшти организацијата.
По пукањето, десетици демонстранти се собраа на протест во Бидефорд.
Пред само шест дена, друг маж беше смртно застрелан во Хјустон, во сојузната држава Тексас, откако тој се обидел да избегне апсење со возило за време на акција на ИЦЕ.
ДХС во соопштение наведе дека мажот, државјанин на Мексико, кој подоцна беше идентификуван како Лоренцо Салгадо Араухо, не ги послушал наредбите да запре и се обидел да удри агент, кој потоа пукал во самоодбрана.
Араухо подоцна почина во болница, а случајот се истражува.
ФОТО | Ова е човекот убиен од имиграциски агенти во Минесота, 37-годишен болничар


