Фото: Влада / Фејсбук

Мицкоски им се извини на пратениците на СДСМ, но не и Стоилковиќ — тие напуштија, власта го изгласа новиот владин кабинет

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на крајот од расправата, непосредно пред гласањето на новиот, реконструиран владин кабинет, упати извинување за, како што рече, денешните случувањата во Собранието, изразувајќи надеж дека такви настани нема да се повторат.

Пратеничката група на СДСМ претходно ја напушти седницата и на вонредна прес-конференција рече дека премиерот и старо-новиот министер, Иван Стоилковиќ, за време на расправата ги навредиле пратениците на СДСМ, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески.

ВИДЕО | СДСМ реагира по непријатните и тензични сцени во Собранието, бара извинување од Мицкоски и Стоилковиќ

„Како претседател на Владата, сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани и се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да ни се повтори“, рече од собраниската говорница премиерот, за кого од СДСМ рекоа дека претходно го нарекол Битиќи „исфруструран, мизогин лик“.

Сепак, револтирани поради тоа што не го добија бараното извинување и од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Алијансата за Албанците ја напуштија седницата.

Веднаш по ова, пратениците гласаа за реконструираниот владин кабинет, а осумтемина нови министри добија поддршка од 69-те присутни пратеници, без гласови против и без воздржани.

Нов министер за правда е Јетон Шасивари од Вреди, министер за здравство е Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за култура и туризам Седат Сулејмани од Вреди, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од ЗНАМ, министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од Вредим, министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, а за министер без ресор е избран Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски испофали осуммина министри, па ги смени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот