Фото: читател на „Слободен печат“

ВИДЕО | Голем застој поради несреќа на автопатот Тетово-Скопје, Брзата помош се пробива низ колоните

Поради сообраќајна несреќа, голем застој и колони од автомобили вечерва има на автопатот Скопје-Тетово, кај наплатната станица на излезот од главниот град, јавува „4њуз.мк“

Фото: читател на „Слободен печат“

Според информациите, поради несреќата, за која засега нема повеќе детали, сообраќајот се одвива крајно отежнато, а на патарината е формирана голема колона од возила. На снимка која ни ја испрати читател, се гледа како возило на Итната медицинска помош пристигнува и се пробива низ колоните возила.

Се повикуваат сите возачи кои се движат на оваа делница да возат крајно внимателно и полека, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат трпеливи додека целосно не се расчисти коловозот.

Фото: читател на „Слободен печат“

Ноќеска изгоре автомобилот на судијата Ѓоко Ристов, непосредно откако жена му даде интервју

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот