Фото: Дејан Проданоски / Фејсбук

Вечерва на две места во Македонија гори на отворено, денес имало вкупно девет пожари

Вкупно девет пожари на отворен простор се забележани во текот на денов до 18 часот. Од нив, два сѐ уште се активни, еден пожар е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Едниот е шумски пожар на подрачјето на село Бајково, општина Струмица. Другиот е на територијата на село Гарани, општина Кичево, каде што горат ниска вегетација и стрништа.

Под контрола е пожарот во општина Ново Село, во регионот на село Мокриево, каде опожарена е ниска вегетација.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Гази Баба, Гостивар, Кочани, Теарце, Чешиново – Облешево и Шуто Оризари.

Со смарт камери ќе се откриваат пожари на критичните локации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот