Прес на Дарко Костадиновски- претседател на уставен суд / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Костадиновски е за соодветни плати за обвинителите, но вели и дека тие „мора да испорачаат“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во разговор за МИА изјави дека и тој е дел од мнозинството што поддршува обвинителите да бидат платени соодветно на нивниот статус и на нивните обврски и должности.

– И јас сум дел од тоа мнозинство што поддржува — платите на обвинителите треба да бидат соодветни на нивниот статус и на нивните обврски и должности. И не само ова. Веројатно знаете, повеќепати и јавно имам кажано, јас сум еден од оние што се залага на правосудниот систем, да му се дадат неопходните услови за работа. Видов дека оваа Влада веќе им доделила не знам колку вработувања. Што значи, еден од сегментите го поправа. Со наша одлука, решен е еден од, условно кажано, проблемите – вели Костадиновски додавајќи дека предметот ќе биде разгледан штом биде доставен, а Уставниот суд се комплетира.

Тој вели дека и судската и обвинителската власт мораат да преземаат радикални чекори за враќање на довербата на граѓаните во системот.

-Ако го гледаме суштински, за мене нема дилема. Треба да бидат изедначени. Затоа што не можеме да ја вратиме довербата на граѓаните. Но, еве можност, јас и јавно сум кажал, мораат да испорачаат. И судската власт, и Обвинителството, мора да преземаат радикални чекори за да ја вратат довербата на граѓаните во системот. Мораат да испорачуваат. Што е испорачувањето од борба за нивната самостојност и независност? Никој не ја подарува самостојност и независност. Никој нема да дојде и да им рече, повелете. Не. Секогаш е процес на една институционална борба. Борбата со судиите или обвинителите што ја срамат фелата, што ја прават перцепцијата кај граѓаните на недоверба. А, знаете, во Уставното судство има една максима, креирањето на перцепција на недоверба во правосудниот систем е директно подривање на демократските принципи на државата. Затоа, често сум викал, политиката многу лесно го вперува прстот кон правосудството. Два отсто доверба имало, 3 отсто доверба имало, немало доверба. За да се дојде до такво нешто, до 2 отсто доверба, што е историски најниско, не може системот да биде амнестиран. Државата е систем, вели Костадиновски.

Тој нагласува дека ова е негов личен став е дека во државата со децении ималo надмоќ на извршната врз сите други власти.

– Кога ме прашуваат колеги и во странство и медиумите, како сте се довеле во ситуација да имате 2 отсто доверба во правосудниот систем, мојот личен став како Дарко Костадиновски е дека со децении наназад во оваа држава сме имале супер надмоќ на извршната власт врз сите други власти. И таа аномалија, која веќе ja имаме со децении, нус продуктите од таа аномалија ги сведочиме денес. Затоа е битно секој од властите да ги слуша, да има институционален дијалог, да има разбирање, состојбата во Обвинителството од средбите, што јас сум ги имал со Републичкиот јавен обвинител, е лоша. Има демотивираност, што не е добро – вели Костадиновски.

Уставниот суд ја укина одлуката со која беа сменети имиња на улици во Тетово во 2007 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот