Судијата Ѓоко Ристов / Фото: архива

Фолиите во кои имаше 350 илјади евра во ѕид не се контаминирани

Вештак на Министерството за внатрешни работи, во судница тврди дека фолиите во кои беа пронајдени 350 илјади евра во ѕид од куќа кај родителите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, не се контаминирани, односно дека ДНК материјалот кој што бил пронајден на фолиите во кои биле обвиткани банкнотите не е контаминиран. Ристов е обвинет за прикривање имот и перење пари а неговата одбрана тврди дека на вештаците им била скината ракавицата и така го контаминирале ДНК доказот односно дека тој бил секундарно пренесен.

На рочиштето се изведуваше и електронска комуникација од одземен телефон од обвинет во друг случај, поточно од група обвинета за проституција и трговија со наркотици. Се читаше нивна комуникација со Гани Туша обвинет во случајот „Беланоца“ за одредени притвори за кои одлучува Апелациониот суд – докази коишто практично покажуваат дека овие обвинети лица со лица однадвор договараат притвори и гаранции со апелациони судии.

Вчера автомобилот на судијата Ѓоко Ристов беше запален.

Ноќеска изгоре автомобилот на судијата Ѓоко Ристов, непосредно откако жена му даде интервју

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот