Судската одлука за падот на натстрешницата е донесена од чиста ароганција и без аргументи, смета Вучиќ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска оцени дека одлуката на Апелацискиот суд во Нови Сад да го потврди обвинението во случајот со падот на натстрешницата од 2024 година е донесена „од чиста ароганција и без никаква аргументација“, пренесува Н1.
Препорачано
„Што можете да ми кажете за одлуката повторно да им се одреди притвор на луѓе кои не се во притвор веќе една година, односно седум-осум месеци, со образложение дека би можеле да влијаат врз сведоци, како што е случајот со еден или двајца министри и луѓе кои биле директори на јавни претпријатија? Каде е логиката во сето тоа?“, изјави Вучиќ пред новинарите во Париз, каде што присуствуваше на воената парада по повод Денот на Франција.
Тој додаде дека единствената логика во таа одлука е да им се помогне на „блокадерите“ и на одредени луѓе да им се уништи животот, бидејќи, според него, притвор може да биде определен само за лица за кои постои сомневање дека би можеле да влијаат врз сведоци, да избегаат или да го повторат кривичното дело.
„Ако сакале да влијаат врз сведоците, можеа тоа да го направат во изминатата година. Ова го направивте од чиста дрскост, ароганција и самоволие, без никаква аргументација, затоа што сакате некому да му го уништите животот“, рече Вучиќ.
Апелацискиот суд во Нови Сад вчера ја усвои жалбата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и ја преиначи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад, со која беше запрена постапката против поранешниот министер Горан Весиќ и уште 12 луѓе во случајот со падот на натстрешницата на Железничката станица во тој град во 2024 година.
Власта на Вучиќ сака да ја затвори истрагата за трагедијата во Нови Сад?
Со одлуката е поништено решението на Вишиот суд од 24 декември 2025 година, со кое беше запрена постапката против дел од обвинетите, а е потврдено обвинението поднесено од Вишото јавно обвинителство.
Покрај Весиќ, обвинението е потврдено и за неговата поранешна помошничка Анита Димоски, поранешната директорка на „Инфраструктура Железнице Србије“ Јелена Танасковиќ, како и за Милан Спремиќ, Марина Гавриловиќ и Дејан Тодоровиќ.
Апелацискиот суд ги отфрли како неосновани жалбите на обвинетите, со што се создадени услови за почеток на судскиот процес во еден од најголемите случаи поврзани со јавната безбедност во Србија во последните години.
Трагедијата, во која животот го загубија 16 лица, предизвика масовни антивладини протести низ Србија. Демонстрантите бараа утврдување одговорност за наводни пропусти и корупција при реализацијата на инфраструктурни проекти.
Власта на Вучиќ сака да ја затвори истрагата за трагедијата во Нови Сад?


