Моника Зајкова / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Зајкова повикува да запре „ПР-театарот“: Да ги спасиме првите четири милиони евра на граѓаните

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, ги повика пратениците да ги поддржат измените на Изборниот законик што се однесуваат исклучиво на техничките препораки на ОБСЕ и ОДИХР, предупредувајќи дека во спротивно државата може да остане без 4 милиони евра од Европската Унија.

„Изборот на Парламентот денеска е едноставен – дали ќе ги усвоиме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат 4 милиони евра. Никој разумен политичар не би дозволил граѓаните да останат без овие средства“, истакна Зајкова во видео-обраќање.

Таа потсети дека ЛДП уште минатата недела побарала да престанат политичките препукувања околу изборното законодавство и веднаш да започне постапката за усвојување на измените што се однесуваат исклучиво на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

„Не станува збор за никакви црвени линии, туку исклучиво за договорени технички решенија, врз основа на кои Македонија треба да добие средства од Европската Унија. До 2028 година има доволно време политичките партии да ги усогласат своите ставови за останатите прашања поврзани со Изборниот законик“, рече Зајкова.

Таа ги повика сите пратеници да гласаат за предложените технички измени и, како што нагласи, да обезбедат државата да не ги изгуби 4-те милиони евра што ѝ следуваат од Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот