Елена Ристеска сподели ретка фотографија од свадбата на своите родители: „Десетти роденден си славиш на небото“
Пејачката Елена Ристеска со емотивна објава на социјалните мрежи му го честиташе роденденот на својот покоен татко, споделувајќи досега необјавени фотографии од семејниот албум.
Препорачано
Меѓу фотографиите особено внимание привлече онаа од свадбата на нејзините родители, на која тие позираат како младенци, облечени во бело.
„Десетти роденден си славиш на небото, а за нас, кои непрестајно те сакаме, ова ни е тажен ден на земјата“, напиша пејачката покрај фотографиите.



Елена никогаш не криела дека со својот татко имала исклучително блиска врска и дека тој бил нејзината најголема поддршка, како во приватниот живот, така и во музичката кариера. Затоа, на неговиот роденден, на годишнината од неговата смрт и на други значајни семејни датуми, таа редовно споделува фотографии и спомени, оддавајќи му почит.
Во интервју за „Слободен печат“, Ристеска пред неколку години зборуваше за верата и за тоа како гледа на животните предизвици, истакнувајќи дека најважно е човек да има доверба во Божјиот план.
„Тоа е до Бога, тој е толку семоќен и дарежлив што верувам дека има најдобар план за секого од нас. Најважно е дека во секој момент е покрај мене и е мојата најголема заштита“, изјави пејачката.


