ФОТО | Џенифер Лопез ги прекрши правилата на Вимблдон носејќи огромен шешир, но воопшто не се загрижи
Неколку познати личности ги свртеа погледите кон Џенифер Лопез во Кралската ложа на финалето на Вимблдон во машка конкуренција во недела попладне, откако таа се појави со огромен шешир на главата.
Препорачано
Имено, правилата за облекување на Вимблдон се строги со децении, особено кога станува збор за капи, но Џенифер очигледно не се грижеше многу за тоа, пишуваат странските медиуми.
Познатата пејачка го гледаше натпреварот во неделата во друштво на Том Хидлстон и привлече внимание со огромен, широк шешир. Нејзиниот избор предизвика бројни коментари бидејќи кршеше непишано правило на турнирот.

56-годишната Лопез, која пристигна од Модната недела во Париз, го комбинираше својот екстравагантен огромен шешир со кремаст фустан без ракави, високи плетени потпетици и чанта од кожа и лен.
Проблемот е што Вимблдон, за разлика од Ројал Аскот, не дозволува големи капи на трибините бидејќи можат да го блокираат погледот на другите.
Иако ваквите модни додатоци се вообичаени во ВИП ложите, капите мора да бидат дискретни и практични на трибините на Централниот терен.
Критиките веднаш почнаа да пристигнуваат на социјалните мрежи.
„Шеширот на Џеј Ло ме потсетува на онаа што го носеше Рејчел на крајот од третата сезона на „Пријатели“. Не баш за Кралската ложа“, коментираше еден корисник на Икс. Друг додаде: „Се обложувам дека лицето што седи зад неа е воодушевено“. Трет забележа: „Замислете си да седите до Џенифер Лопез со вентилатор и шапка што фрла сенка врз сите околу вас“. Четврт директно ѝ се обрати на ѕвездата: „@Џеј Ло, таа шапка не е соодветна за овие настани! Едуцирај се, госпоѓо!“


