Кети Пери и Џастин Трудо на Светското првенство во фудбал 2026 / Фото: Инстаграм/Кети Пери

ВИДЕО | „Каков кловн…“: Џастин Трудо заигра со Кети Пери на ТикТок, па ги налути американските десничари

Американската пејачка Кети Пери предизвика лавина негативни реакции откако објави промотивно видео за новиот сингл „Watch It Burn“, во кое накратко се појавува и нејзиниот партнер, поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.

Пејачката видеото го објави со опис: „Древните текстови велат дека ако скокате на оваа песна, ќе имате 1.000 години среќа.“

На снимката Кети Пери најпрво скока со членовите на својот тим, а потоа за неколку секунди се појавува и Трудо, кој танцува и скока во ритамот на песната.

@katyperryancient texts say that if you hop to this song you will get 1,000 years of good luck♬ Watch It Burn – Katy Perry


Токму неговото појавување предизвика критики кај поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп и движењето „Да ја направиме Америка повторно голема“ (оригинален назив: Make America Great Again – MAGA).

Темата беше коментирана и во американската телевизиска емисија „Фокс енд френдс викенд“, каде што водителот Гриф Џенкинс рече: „Што правиш, човеку? Возрасен маж од 54 години танцува во видеото на својата девојка Кети Пери“.

Неговата колешка Рејчел Кампос-Дафи, пак, се осврна на долгогодишните шпекулации за наводната поврзаност на Трудо со поранешниот кубански лидер Фидел Кастро.

Негативни коментари се појавија и на социјалната мрежа Икс, каде што дел од корисниците го исмеваа поранешниот канадски премиер поради неговото учество во видеото.

Џастин Трудо и Доналд Трамп имаа затегнати односи уште за време на првиот претседателски мандат на Трамп. Американскиот претседател во повеќе наврати јавно го нарече Трудо „слаб“ и „неискрен“, а двајцата често беа на спротивставени позиции околу односите меѓу САД и Канада.

Раде Богдановиќ: Срамота за фудбалот е што Роналдо игра на Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот