Нови детали за скандалот — црвениот картон на Балогун го поништил само еден човек од комисија со 18 члена
Не стивнуваат реакциите по големиот скандал што го одбележа Светското првенство во САД, откако ФИФА ја поништи суспензијата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун, кој претходно заработи црвен картон.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Одлуката, со која казната од еден натпревар неиграње беше сменета во условна суспензија во траење од една година, предизвика бројни контроверзии, а сега во јавноста се појавија и нови детали за целиот случај.
Според информациите, во процесот на поништување на казната учествувал само еден од вкупно 18-те членови на Дисциплинската комисија на ФИФА. Одлуката самостојно ја донел претседателот на Комисијата, Мохамад Ал Камали од Обединетите Арапски Емирати, без да ги консултира останатите членови на телото.
Таквиот потег дополнително ги засили сомнежите дека врз Ал Камали можеби бил извршен надворешен притисок или влијание при носењето на одлуката.
Ал Камали е познат правен експерт од Обединетите Арапски Емирати, кој покрај ангажманот во ФИФА има значајна кариера и во спортската администрација на својата земја. Тој извршувал високи функции во Националниот олимписки комитет на ОАЕ, каде што бил вклучен во промоцијата на олимписките вредности и развојот на спортот.
Балогун беше исклучен на натпреварот меѓу САД и Босна и Херцеговина во шеснаесетфиналето на Светското првенство, но неговата суспензија беше експресно поништена, со што му беше овозможено да настапи во осминафиналето. Сепак, тоа не им помогна на Американците, кои во следната елиминациска рунда беа убедливо поразени од Белгија со 4:1.
Клоп за поништениот црвен картон на Балогун: „Фудбалот е наша игра, а не нивна“


