Руски дрон / Фото: Moldovan Foreign Ministry/Telegram

ФОТО | Руски дрон се урна во Молдавија: „Агресивната војна на Русија против Украина е директен ризик за целиот регион“

Беспилотно летало денеска го премина воздушниот простор на Молдавија и се урна, експлодирајќи во близина на селото Копанка на југоистокот од земјата, објавија молдавските власти. Инцидентот се случил за време на руските воздушни напади врз соседниот украински регион Одеса, пренесува Анадолија.

Молдавското Министерство за надворешни работи го осуди настанот преку Телеграм, кој го нарече „сериозно и неприфатливо кршење“ на воздушниот простор.

„Овој нов инцидент е сериозно и неприфатливо кршење на воздушниот простор на Република Молдавија. Уште еднаш се потврдува дека агресивната војна на Руската Федерација против Украина создава директни безбедносни ризици за нашите граѓани и целиот регион“, соопшти министерството.

Оттаму додаваат дека Молдавија останува посветена на одбраната на својот суверенитет, независност и територијален интегритет. Исто така, беше објавено дека соработката со меѓународните партнери ќе продолжи да ја зајакнува безбедноста и отпорноста на земјата од вакви закани.

ВИДЕО | Русија ги нападна Киев и Харков — загинаа тројца луѓе, над 20 се повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот